Со оваа особина жените имаат подобар секс
Емотивно интелигентните жени може да се пофалат со поквалитетен сексуален живот, покажа едно британско истражување. Во анкетата биле вклучени над 2.000 жени, а резултатите покажале дека оние со поголема емотивна интелигенција имаат повеќе оргазми. Она што е интересно е дека ваквата пропорционалност се однесува и на сексуланиот однос и на мастурбирањето.
Кои жени се емотивно интелигентни? Психолозите се уверени дека таквите жени знаат да ги слушаат своите емоции, но и да ги препознаат чувствата кај другите.
- Емотивната интелигенција сериозно го подобрува животот на поединецот, а нашето истражување покажа дека тоа значајно влијае и на задоволството во спалната соба. Верувам, дека резултатите до кои дојдовме ќе бидат од голема помош на терапевтите кои се обидуваат на жените да им го подобрат сексуалниот живот - објаснува професорот Тим Спектор, шеф на истражувачките студии.