Со саканиот на „У2“: Дани Димитровска ужива во Париз

Добивај вести на Viber

Дани Димитровска е во Париз, каде заедно со дечкото Весел, беа на концертот на „У2“, информира порталот „Репортер“. Познатата пејачка на „инстаграм“ објави неколку фотографии од посетата на француската метропола, но и видео од шоуто на легендарниот ирски бенд.

Димитровска веќе подолго време одбива да зборува за приватниот живот, иако повеќе медиуми напишаа дека е во хармонична врска со поранешениот кошаркар, а сега сопственик на кафуле.

- Ниту сум таинствена, ниту внимателна. Ни порано, ни сега. Тоа во домашен разговор се нарекува криење. А криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер. Се чувствувам како да нема инспиративни теми поради кои постоиме на сценава. Музичкава сцена, таа е за истакнување, љубовнава ради сеири и читаност е секогаш на врвот, не ѝ треба билдање. За љубов не треба најава со сензационален наслов. Едноставно се случува и фала богу што е така. Нека живее - изјави Дани во интервју за Женски магазин. 

Пејачката неодамна со протеински режим на исхрана и со физичка активност, значително успеа да ја намали тежината