Со широката насмевка ја криеше големата тага: Непознати детали од животот на Витни Хјустон

Да не завршеше трагично, денес ќе го славеше 57 - от роденден...

Витни Хјустон почина во када во хотел во Лос Анџелес на 11 февруари 2012 година. Случајот е затворен, а објаснувањето е случајно давење. Подоцна, во нејзиното тело, обдукцијата открила смртоносна комбинација на наркотици.

Растењето со нејзината тетка Арета Френклин довеле до тоа на рана возраст да покаже интерес за музиката, а до 15 години зад себе веќе имала бројни настапи.

Поради раскошниот талент лесно и било да го привлече вниманието на многу луѓе кои биле во музичкиот бизнис.

Кога наполнила 19 години, Витни во ноќен клуб го запознала Клајв Дејвис, кој бил продуцент на музичката куќа „Arista records“. Веднаш потпишала договор со него и тој почнал да управува со нејзината кариера.

Во 1985 година, албумот конечно бил готов. Под едноставно име „Whitney Houston“, истиот момент станал сензација. Во текот на следната година, нејзините хит синглови „Saving All my Love for You“ и „How Will I Know“ ја довеле до првите места на топ листите со најпопуларни песни, каде се задржала неверојатни 14 недели. Витни во таа 1986 година ја добила својата прва Греми награда.

Следниот албум „Whitney“ продолжил да ги руши рекордите, а песната „I Wanna Dance With Somebody“ станала најголем хит. Два албуми биле доволни за Витни да ја започне својата светска турнеја. Во тоа време Витни основала фондација за заштита на децата, непрофитна организација која собирала пари за проектите кои ги спасувале децата ширум светот.

До 1992 година, Витни Хјустон била на врвот на светот, но нејзиниот живот од тој момент почнал да излегува од контрола.

Таа година, пејачката лудо се вљубила и омажила за пејачот Боби Браун. На почетокот, уживале во бракот, љубовта и страста, но за многу брзо, нивниот однос се променил и тоа поради неконтролираната употреба на дрога, која станала центар на нивниот свет.

Кавги, тепачки, непримерно однесување помеѓу сопружните, неброено многу пати органите на редот морале да ги решаат нивните проблеми. Витни неколку пати го пријавила во полиција, тврдејќи дека ја тепал. Подоцна ги повлекувала тужбите и му се враќала тврдејќи дека не може да живее без него.

Без оглед на проблемите, Витни продолжила да напредува со својата кариера и со широката насмевка се обидувала да ја сокрие тагата која ја чувствува. Имено, актерот Кевин Костнер, нејзиниот пријател, со месеци ја молел да се согласи да ја одигра главната улога во филмот „Телохранител“. Филмот доживеа неверојатен успех, а песната од филмот е една од најпродаваните на сите времиња. Песната „I Will Always Love You“ била и остана нејзин најголем хит.

Таа година освоила и три Греми награди за истоимениот филм. Подоцна глумела уште во два филма во кои исто така пееше и кои исто така постигнаа голем успех.

На 3 март 1993 година, Витни Хјустон роди ќерка, која таа и Боби ја нарекоа Боби Кристина.

Кон крајот на 1999 година и почетокот на 2000 година, бракот на Витни и Боби беше главна тема во таблоидите, кои постојано пишуваа за дрогата и нивните здравствени проблеми.

Во 2004 година, Боби Браун почна да снима реално шоу за телевизијата „Браво“, под назив „Being Bobby Brown“, во кое се појавуваше и Витни. Шоуто ги прикажа најлошите години од бракот, зависноста од дрога, лошото однесување и сето тоа многу лошо влијаеше на нејзиниот имиџ и кариера која започна да пропаѓа.

Следните неколку години, Витни се обиде да го сочува бракот и да се излечи од зависноста. Не и успеваше, се додека не се појави нејзината мајка Сиси и ѝ нареди потполно да се повлече од јавноста и да се посвети на себе, секако со нејзина поддршка.

Витни ја послушала, направи мала пауза од кариерата и се разведе од Боби Браун во 2007 година. На суд го доби старателството над нивната ќерка Боби Кристина Хјустон Браун.

Почина во 48 - та година, на 11 февруари 2012 година во Лос Анџелес. Боби Кристина, ќерката на Витни и Боби тешко ја поднесе нејзината смрт.

На 31 јануари 2015 година, скоро три години по мајчината смрт, Боби Кристина е најдена во када. Помина 6 месеци во кома. Боби Браун и баба Сиси секојдневно ја посетувале во болница и се молеле за неа. Боби Кристина почина на 26 јули 2015 година на 22 години.

Документарниот филм „Can I Be Me“ откри непознати детали за пејачката

Во последниот документарен филм за покојната пејачка Витни Хјустон под назив „Can I Be Me“, нејзините блиски приајтели и соработници раскажаа некои досега непознати детали за нејзиниот живот,

Нејзината блиска соработничка, стилистката Елин Лавар, како телохранителот на пејачката Кевин Амонс, рекоа дека Витни била бисексуалка и дека имала долга врска со својата асистентка Робин Крофорд.

„Витни ја запозна Робин кога таа имаше само 16 години и работеше за неа до 2000 година. Живееа заедно, делеа се, па и креветот. Тоа е нејзината најубава, најпродуктивна и најздрава врска која ја имаше во животот“ - наведуваат нејзините блиски.

И порано се зборуваше за нејзината сексуалност. Во една прилика нејзиниот маж Боби Браун изјави дека Витни денес би била жива, доколку не би морала да крие од целиот свет дека сака жена.