Со својата убавина привлекувала само неволји: Животната приказна на најфаталната Италијанка и денес интригира

Џина Лолобриџида скоро цел живот била мета на вљубени додворувачи, но и преваранти кои сакале да го искористат нејзиното име и богатство стекнато во време на најголемата популарност, пишува Glossy.

Кога некоја јавна личност ќе изјави дека убавината е товар или проклетство, тоа се сфаќа како привлекување на внимание. Сепак, животната приказна на италијанската актерка, фото-репортерка, вајарка и хуманитарка зборува дека неодоливата привлечност умее да го искомплицира животот.

Последиот сликовит пример за тоа е веридбата и лажниот брат со магнатот за недвижнини Хавиер Ригау и Рафолс, кој заврши пред пет години со драматични судски процеси и откривање на скандали. И како што обично се случува, работите започнале сосема нормално.

Џина Лолобриџида е родена како Луиџина и е втора од четирите ќерки на проводителот на мебел во малиот град Субјако, во римскиот регион Лацио, во Италија. По воените удари, кои ја затекнале Луиџина во тинејџерските години, таа својата најрана младост ја поминала во скромни услови, со оглед на тоа што целата поразена Италија била принудена на штеди.

Сепак, нејзиниот подоцнежен пресврт не сугерира дека некогаш малата Џина патела. Тоа за неа едноставно бил животот. Како што било и неколку години подоцна, кога во потполност доживеал пресврт. Само што започнала со студиите по цртање и вајарство на познатата Академенија на убави уметности во Рим, ја забележал ловецот на таленти, познатото италијанско филмско студио Чинечита, кое во тие години било многу популарно во светски размери. Здогледувајќи ја младата Џина, агентот веднаш сфатил дека нејзината ведрина и неверојатна физичка привлечност е онаа медитеранска енергија која е потребна за понижената Италија да се крене на пиедесталот во очите на целата планета.

„Го одбив неговиот повик за аудицијата, но тој инсистираше да одам. На разговорот со директорите и продуцентите од студиото не сакав да ја прифатам улогата, меѓутоа тие повторно инсистираа за да се предомислам. Ја замолија мојата мајка да ме убеди велејќи и дека ќе добијам хонорар од илјада лири. Јас на тоа одговорив дека мојата цена е милион лири, мислејќи дека ќе се насмеат и конечно ќе ме пуштат да си одат по својот пат, но тие се сложија“ - се присетува Џина во едно од своите интервјуа.

Иако немала таква намера, со својата постапка содала правило. Ла Лоло, како што самата себе се нарекува, добивала сѐ, бидејќи за ништо не обрнувала внимание.

„Многу рано станав популарна и никогаш ништо не мораше да барам. Требаше само да кажам да, бидејќи секогаш ми даваа многу повеќе. Во еден момент мојот договор со студиото беше таков што мене ми припаѓаше 10% од вкупната заработка на фирмата, а имав право и да ги одберам останатите актери, режисери и сценариото.“

Од самиот почеток Џина уживала во огромното внимание на јавноста, можеби затоа што него ни барала. Од друга страна, тоа предизвикало медиумски конструиран ривалитет со другата тогашна ѕвезда во подем, исто така секс - симбол Софија Лорен.“

„Целото тоа недоразбирање го започнаа нејзините агенти за весниците и тоа не престануваше 15 години. Беше навистина здодевно, а дури и кога ги промени тие луѓе кои беа задолжени за односите со јавноста, кои јас никогаш не ги имав, тоа продолжи. Ние двете многу се разликуваме и поинаку ги градевме кариерите. Јас сакав да бидам уметник повеќе од било што друго, да имам кариера на високо ниво“ - објасни во една прилика Лолобриџида.

Еднакво доследна беше и во одбирањето на највлијателните мажи на планетата. Џина во 1949 година се омажи за словенечкиот лекар Милко Шкофиќ, со кој во 1957 година го доби синот Андреу Милко Шкофиќ Јуниор. Нејзиниот сопруг ја напушти медицината за во потполност да се посвети на менаџерската работа поврзана со кариерата на Џина. Официјално се разведоа во 1971 година, по 22 години брак, но нивниот однос се расипа многу порано.

Ккао најпосакувана жена во светот, Џина постојано беше мета на додворувачи и тоа на оние најсамоуверените. Еден од нејзините најголеми обожаватели беше легендарниот Хауард Хјуз, милијардер, бизнисмен, пионир во американското воздухоплоство, пронаоѓач, филмски продуцент и режисер, кој смело продуцираше и режираше многу остварувања, уште од 30 - тите години на минатиот век.

Неговата опседнатост со Џина започна кога во 1950 година во медиумите ги видел нејзините фотографии на кои била облечена во бикини, чиј автор бил Милко. Во тој момент таа зад себе имала неколку филмови, но се уште не била многу позната надвор од Италија. Тогаш 40 - годишниот Хјуз веднаш ја повикал на пробно снимање во Холивуд, каде управувал со едно од најголемите студија во тоа време. Прифатила, со очекување дека повик ќе добие и нејзиниот сопруг. Очекувано, пред самото полетување од Рим, сфатиле дека наместо две, ја очекува една резервирана карта.

„Но, мојот сопруг ми веруваше. Рече: Оди, не сакам еден ден да кажеш дека не сум ти дозволил да направиш кариера“ - подна раскажа Џина.

Кога слетала во Лос Анџелес, на аеродромот ја пречекале агентите на Хјуз. Ја однеле во апарман во хотелот „Таун Хаус“, најлуксузната зграда во тој момент, каде што добила секретарка, како и возач, единствениот маж кој по мислењето на Хјуз смеела да го гледа во текот на денот, наставничка по Англиски и учител по пеење. Врачено и било сценариото за пробното снимање, а морала да одигра улога во сцена за развод. Интересно, кратко прокоментирала актерката.

Нејзиниот престој во Америка траел два ипол месеци, за кое време секојдневно го одбивала додворувањето на Хјуз. Тој, од друга страна, немал намера да се откаже.

„Беше многу висок и многу интересен. Имаше две јакни и едни панталони кои постојано ги носеше. На него сѐ беше прашливо и валкано, како да е некој физички работник. Ги избегнуваше новинарите, па секогаш јадевме во екстремно скромни ресторани, понекогаш и во автомобилите. Тогаш лошо зборував англиски, а тој ме научи да користам пцовки“ - раскажуваше Џина, а на прашањето како одолеала на неговите додворувања, објасни:

„Премногу разлика имаше помеѓу нас. Еднаш му реков: Кога ти би ги изгубил сите пари кои ги имаш, тогаш би можела да се омажам за тебе. Мислам дека беше изненаден бидејќи најверојатно бев единствената личност која беше незаинтересирана за неговите пари.“

Во тоа време, Милко сфатил дека дошло време Џина да се врати дома. За конечно да ја пушти Хауард, потпишала 7 - годишен договор со неговото студио, според кој секоја втора американска филмска куќа која би ја ангажирала, би требало да плати огромни пенали.

„Потпишав за конечно да бидам со сопругот и синот, но тој и понатаму ме прогонуваше. Често ги испраќаше своите адвокати кај мене, тие играа тенис со Милко. Сепак, кога ќе ги гледам работите од сегашна перспектива, можеби требаше поинаку да пристапам. Подоцна сфатив дека Хауард е многу интересен човек, поинтересен од мојот маж“ - призна Џина по половина век.

Пред крајот на 60 - тите години, таа сепак сфатила дека нејзиниот брак е пропаднат. Се зборуваше за аферата која ја имала со КРистијан Бернард, јужноафриканскиот хирург и пионир во трансплатација на срца, а во 1969 година дури се вери со Џорџ Кауфман, пребогатиот наследник на империја за недвижнини. Како и сѐ останато, за неа крајот на љубовта било нешто најнормално околу што не треба да се прави драма.

„Луѓето мислеа дека ние двајца имаме прекрасен брак, а јас не сакав да објаснувам како навистина стојат работите. Куќата е голема, тој последните години живееше тука, но всушност водевме одвоени животи. Кога разводот беше легализиран во Италија, бев меѓу првите жени кои се одлучија за тој чекор“ - своевремено откри Џина.

Тоа што станала слободна жена, нејзините додворувачи ги направило да станат уште поупорни. Иако во тоа време бил во брак со Грејс Кели, принцот Раниер III ја прогонувал со години.

„Ми се додворуваше дури и пред својата сопруга, во нивната куќа и беше многу непријатно. Секако, му кажав дека тоа не доаѓа предвид. Боже, па можеше тоа да го прави малку посуптилно, а не пред нејзините очи. Дваесет години беснееше поради тоа што го одбив, но кога Грејс почина, заборави на сѐ што беше и повторно станавме пријатели.“

Дури со сите обожаватели и додворувачи, најубавата жена на светот имала проблеми околу пронаоѓањето на вистинскиот маж.

„Кога би ја пронашла вистинската личност, тој набрзо би побегнал од мене. Премногу сум силна и многу популарна, а важните луѓе сакаат тие да бидат ѕвезди и не прифаќаат да живеат во мојата сенка.“

80 - тите години на минатиот век, филмската популарност на Џина започнала да бледее. Сепак, продолжила да живее со истото темпо и најпрово себе се пронашла како новинар и фотограф. Ги фотографирала Пол Њумен, Салвадор Далиј, Хенри Кисинџер, Одри Хепберн и многу други највлијателни луѓе во светот, а со Фидел Кастро дури успеала да направи и екслузивно интервју.

Потоа се обидела и како политичарка, кога се кандидирала за место во Европскиот парламент, а тогаш го затворила кругот и се вратила на корените. Повторно станала вајарка, исто како пред многу години да не и се појавил оној ловец на таленти. Денес има огромно ателје во тосканската уметничка колонија Пјетрансанта, каде прави скулптури од мермер и бронза кои се изложени во Москва, Париз, Венеција и сите други уметнички метрополи.

За себе вели дека е самотник посветен на својата уметност и тврди дека никогаш не правела компромиси, туку секогаш останала независна и своја.

„Мојата сила се огледува во мојот слободен дух, а нескротлива имагинација ми дава виталност“ - вели оваа уметничка.