Социјализација на младите: Во библиотеки наместо дома на компјутер

Добивај вести на Viber

Образованието е многу важен период во човековиот живот, но и многу сложен период, полн со предизвици. Во време на дигитализација, кога дружењето и личните односи се заменуваат со комуникација на телефон и компјутер, образованието исто така се менува и бара постојано прилагодување. Денеска младите луѓеимаат многу малку време за рекреација, како и се помалку време за активно дружење, кое некогаш беше многу популарно.

Универзитетските професори и аналитичарите се согласни дека државата, граѓанските организации и приватниот сектор, треба да се вклучат поактивно кон зајакнување на капацитетите на универзитетите, училиштата, со цел тие да бидат место каде што младите ќе се дружат, собираат, соработуваат, ќе читаат, учат и ќе си помагаат меѓусебно.

Од друга страна, професорите и студентите се согласуваат дека и библиотеките и образовните институции се во процес на големи промени, па треба да ги следат трендовите и да се прилагодуваат на новите технологии. Младите луѓе се многу заинтересирани за дигиталните технологии кои имаат капацитет да го зголемат интересот и бројот на студенти кои би ги посетувале библиотеките, но за тоа се потребни инвестиции. Значително вложување во корист на библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје, наскоро ќе објави светски познатата компанија Nestlé. 

Кампањата за собирање средства за библиотеката од продажбата на секој NESCAFE 3in1 и NESCAFE 2 in 1 производ се приближува кон крај. Во тек е подготовката – нови компјутери, маси и друга опрема која ќе ги подобри условите за учење во библиотеката на еден од најстарите факултети во земјата, кој следната година одбележува 100 години од своето постоење.

Во компанијата велат дека се свесни оти приватниот сектор треба да им помогне на младите луѓе кои ги унапредат своите вештини и едукација и дека ова е еден од начините за подобрување на условите во релевантните институции.  


„Вложуваме големи напори да помогнеме во развојот на студентите во целиот регион. Со подобрување на условите во установите, давајќи опрема која на студентите им е потребна за усовршување, се трудиме да придонесеме кон нивниот професионален развој, но и во дружењето и опуштањето, кое исто така е важно“ вели Ивана Лес, регионална сениор бренд менаџерка на NESCAFÉ.

Деканот на Филозофскиот факлутет, проф д-р Ратко Дуев, истакнува дека вложувањето на приватниот сектор во образованието е од клучна важност. „Кога приватниот сектор се вклучува да помогне во напредокот на науката, која ја дефинира нашата иднина, тоа е знак дека некој се грижи за образованието кое ги обликува идните генерации, идните лидери. Ја поздравуваме секоја таква акција“, рече професорот Дуев.

Кампањата за собирање средства за библиотеката од продажбата на секој NESCAFÉ 3 in 1 и NESCAFÉ 2 in 1 производ почна кон крајот на февруари 2019 г, а на почетокот на март се одржа и NESCAFÉ 3 in 1 Start Smart Talk дискусија на Филозофскиот факултет на која присуствуваа професори, студенти и претставници на компанијата. Кампањата завршува на 31.03.2019 г, а во наредниот период ќе следува опремување на библиотеката со маси, столови, компјутери и прожектори, со цел библиотека да добие нов сјај.