Софче Џорлева, мајката на пејачот Огнен Здравковски, по кислородна поддршка се излечи од коронавирус

Пред неколку дена пејачот Огнен Здравковски објави дека е позитвен на коронавирус, но сега откри и дека и неговата мајка била исто така позитивна. Таа поминала многу потешко.

Еве што напиша пејачот Огнен Здравковски на својот Фб профил:

ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!!

Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева , знаете каква жена е.. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со "COVID 19" (Корона Вирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на "Инфективната Болница" во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење... Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!!