Софија Милошевиќ блесна на свадба на синот на Никола Саркози: Невестата не носеше класична венчаница (ФОТО)
Софија Милошевиќ - најпознатата српска манекенка, моментално е во Франција на неконвенционална венчавка.
Синот на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, Луис Саркози се ожени со својата долгогодишна девојка Натали Хусиќ, со која Софија Милошевиќ е добра пријателка.
Натали во времето кога го запознала синот на Саркози била модел и актерка, а нивната необична венчавка се одржува во Марсеј.
По оваа церемонија следат многу настани, па невестата немала класична венчаница, туку сако и здолниште со златни копчиња, додека младоженецот се одлучил за сиви панталони, бела кошула и особено впечатлива јакна.
Софија, пак, на свадбената церемонија одлучила да облече фустан од Долче и Габана.
Додека, за главната забава носеше фустан од сопствената колекција.
Инаку, оваа венчавка ја собра целата француска елита, а откако младите си ветија вечна љубов, говор одржа и Никола Саркози.
извор:GLOSSY
фотографии:принтскрин инстаграм