Софистициран есенски стил: Како да комбинирате црна јакна – парче кое мора да го имате
Нема покласично
парче облека од црна јакна
Сепак, за да бидете во тренд, треба да го
промените начинот на комбинирање.
Сигурно сте забележале дека еден од клучните модни
изрази во последно време е „efortless“ - стил кој изгледа како да е направен
„без никаков напор“, а всушност зад него стои паметно и детално планирање.
За да го постигнете ова, ви ги предлагаме следниве
комбинации ...
1. Црно
сако со патики
Заборавете на комбинацијата на „црн костум и црни
чевли“. Пробајте црна јакна со тесни или рамни црни панталони и маица, но
додадете патики и кожна торба - во црна или „nude“ боја. Друга опција - мокасини наместо патики.
Доколку во вашиот гардеробер сеуште немате црно класично сако, влезете во вирутелната продавница на групацијата Fashioun group и изберете го своeто омилено.
2. Црно
сако со фармерки
Безвременска комбинација! Оваа есен, носете ја со
бела маица, бела кошула или блузи во кремава боја.
Бројни варијации можете даги збогатите со различни
избори на чевли - ако е потопол ден, можете да носите сандали или влечки, а за
постудените можете да носите патики или мокасини.
Класичен блејзер со копче на средина, може да најдете во MANGO за само 3.990 денари, доколку сакате повеќе шик стил, од кожен материјал одлучете се за креацијата од брендот GUESS кој може да биде ваш за 10.990 денари.
3. Црно
сако со бели или кремави панталони
Со правилото „не повеќе од три бои“, секогаш ќе
бидете шик облечени.
Комбинирајте црна јакна со панталони од различни
кафеави нијанси - од беж, карамел, до посветла боја „nude“ - со нив изберете влечки, сменете ги чантите - од црна
кожа со тренди сламена чанта.
Во топлите есенски денови, ова ќе биде прекрасен
начин да го продолжите летото уште малку. За најжешките и најсветлите денови -
панталоните нека бидат бели!
Фото: Instagram
Можеби ќе ве интересира:
Најпопуларната јакна за оваа сезона е вистинско изненадување: Идеална за секоја жена
Есенски модни трендови кои се тука да останат!