СОНЧЕВО ДО 14 ЧАСОТ, ПОТОА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Попоски алармира на опасност од локални поплави

Добивај вести на Viber

За денеска од 14 часот па се до вечерните часови се најавени поројни дождови. Славчо Попоски прогнозира дека вакво време не очекува и во наредните десеттина денови, бидејќи, нашата територија се наоѓа под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

-И во следните 10-тина денови од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, процесите локално ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Напоменуваме дека во следните 10-тина денови локално низ македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2). Препорачуваме крајна претпазливост и тоа поради опасност од локални поројни поплави, вели Попоски.

И во Скопје и околината ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на невреме во делови од котлината.

-Температурите ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат повремено и над малку над 26 степени, прогнозира тој.


Извор: faktor.mk