Сопругата на Милош Биковиќ ги сподели првите фотографии со синот: Еве како Ивана и Василије уживаат во Белград

Добивај вести на Viber

Сопругата на актерот Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, не крие колку ужива во мајчинството, а сега покажа како и поминуваат деновите со синот Василијe.

Ивана со своите фанови ги сподели првите фотографии со синот. Малиќ покажа како го поминува времето со Василија, а двајцата очигледно уживаат во Белград.

Сопругата на Милош Биковиќ објави фотографија покрај река додека го шета синот и пие кафе.

- Животот овие денови - напиша накратко Малиќ во описот на објавата.

Да потсетиме, Милош Биковиќ неодамна откри како се справува со улогата на татко.

- Па, во таа улога човек се исполнува додека е жив. Се надевам дека цел живот ќе се исполнувам во таа улога. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега се сведува на плачење, малку јас, малку тој - изјавил Биковиќ за „Блиц“.

Фото: Инстаграм
Извор: Informer.rs