Сопругата на Шаулиќ сакала да го посвои вонбрачниот син Роберт

Добивај вести на Viber

Вдовицата на покојниот пејач Шабан Шаулиќ Гордана, сакала да го посвои неговиот вонбрачен син Роберт, пишуваат српските медиуми. Роберт за кој Шаулиќ претходно изјави дека е дете кое не е направено од љубов, привлече најголемо внимание на погребопт на познатиот пејач. 

Во тоа ја спречила Невенка Продановиќ, мајката на Роберт. Место понудата за посвојување, Продановиќ наводно земала 100.000 германски марки од Шаулиќ, и со нив  купила куќа во близина на српскиот град Зрењанин, пишува босанскиот портал „Аваз“. 

Роберт, вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ привлече најголемо внимание на погребот на неговиот татко 

„Тоа беше во 1978 година, Шаба и Гоца ѝ дадоа на Невенка 100.000 марки и за тие пари таа купи куќа“, вели соговорникот на „Аваз“  и додава дека Гордана не му дозволувала на Шабан да го види својот син. „Тоа се лаги и измислци“, изјавил покојниот пејач во претходно интервју. 


Ми беше многу тешко кога ми рече: „Стрико, ќе влезам во капелата да ѝ изјавам сочуство на Гоца, на сестрата и на браќата“, изјави по погребот на познатиот пејач, неговиот братучед, Хасан Дудиќ. 

Шаулиќ трагично го го загуби животот во сообраќајка во Германија на 17 февруари.