Сопругот со години ја злоставувал, се обидела да се самоубие, а од пеколот на дрогата едвај се извлече: Неверојатната судбина на пејачката

Иако изгледаше како да имаат совршен брак, зад затворени врати работите беа сосема поинакви

Пејачката Мел Би, поранешна членка на групата „Спајс грлс“, ширум светот се однесуваше како силна жена, која ужива во животот и хармоничен брак со својот сопруг, а потоа во 2017 година како бомба одекна веста за нивниот развод, со обвинувања за злоупотреба.

Детството

Мелани Би е родена на 29 мај 1975 година во Лидс, Англија. Таа има помлада сестра, Даниел, која е актерка. Тренирала како изведувач во средното училиште Интејк во Лидс, додека не станала член на „Спајс грлс“, заедно со Викторија Бекам во 1994 година.

View this post on Instagram

A post shared by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight)



Прв брак

За време на турнејата во 1998 година, Мелани Би се запознала со холандскиот танчер Џими Гулзар. Тие се венчаа истата година, а следната година ја добија ќерката Феникс.

Овој брак не траеше долго, па парот се разведе во 2000 година. По разводот следеше битка за старателство, а на крајот ќерката и припадна на Мел, откако на поранешниот сопруг му плати 1,25 милиони фунти.

Бурна врска со Еди Марфи

Во 2003 година, тaa се пресели од Англија во Лос Анџелес. Таа брзо станала во центарот на интересот поради врската со актерот Еди Марфи. Откако таа објави дека го чека неговото дете, следеше веста дека ја прекинале врската. Марфи не сакал да го признае детето, додека ДНК-тестирањето не утврдило дека тој навистина е таткото.

View this post on Instagram

A post shared by “scary spice Mel B” (@officialmelb)



Брак кој за малку ќе ја чинеше живот

По раскинувањето со актерот, Мел Би најде утеха во прегратките на продуцентот Стефано Белафонте. По неколку месеци врска, тие решија да стапнат на лудиот камен во јуни 2007 година. Немала поим дека овој брак скапо ќе ја чини.

Иако на почетокот се изгледаше совршено, нивниот брак се претворил во вистински кошмар. Според пејачката, таа со години трпела физичко и психичко малтретирање.

Иако во неколку наврати се обидела да го остави, во 2017 година пресекла и решила да побара забрана за приближување. Имено, таа го обвини Стивен за малтретирање и сексуално злоставување, што го објасни со физички напади, групен секс, на кој наводно сопругот ја принудувал. После тоа и се заканувал со снимки, но тврди и дека Стивен и направил дете на нивната дадилка.

Странските медиуми јавуваат дека Белафонте ја давел и удрил пејачката, што таа го докажала со фотографии и повреди.

Кога ја презентирала целата приказна пред медиумите изјавила и дека од првата година од бракот страдала од малтретирање, а тој ја принудил да ги објасни повредите во јавноста како последица од трчањето во високи чевли.

Следната година, таа објави автобиографија наречена „Брутално искрена“, во која откри некои од најтемните детали од нејзиниот живот.

Како што и самата признава, дното го допрела во 2014 година, кога се обидела да се самоубие додека судела во британската верзија на „Икс Фактор“.

„Денес е четврток. 11 декември 2014. Се вратив од вечера со мојот сопруг Стивен. Утре одам на X Factor. Црвениот тепих го имаме поради финалните претстави. Ќе носам прекрасен фустан, а косата и шминката ќе ми бидат совршени. Но, да бидам искрена, ништо од тоа не ме интересира. Мојот живот е катастрофа и сакам да најдам излез од неа. „По сета таа слава, се чувствував емотивно оголена, одвоена од семејството“, пишува таа.

„Се чувствувам грдо и уништено од човек кој вети дека ќе ме сака и штити. Мојот сопруг и менаџер. Човек кој по 10 години брак има колекција од секс видеа кои можат да ми го уништат животот и семејството“.

View this post on Instagram

A post shared by “scary spice Mel B” (@officialmelb)



Мел потоа ги голтнала таблетите и во моментот кога ја голтнала 200-тата пилула, сфатила дека сака да се бори за својот живот - пред се поради нејзината најстара ќерка Феникс. Потоа беспомошно се обидела да излезе од бањата каде што била, но не била доволно силна да ја скрши вратата која ја удрила со цело тело.

Затоа следниот ден, на снимањето на X Factor, таа имаше модринки. Откако била пренесена во болница, лекарите и рекле дека има сериозно оштетување на црниот дроб и дека не треба да излегува во јавност извесно време, но таа утредента се појавила пред камерите на Х Фактор и рекла дека ништо не се случило. Сепак, таа испрати порака до светот - и до нејзиниот сопруг.

„Мојата порака до светот и до мојот сопруг беше многу јасна. Сакав луѓето што го гледаат да бидат мои сведоци. Го извадив дијамантскиот прстен од раката“, пишува пејачката која ги опишала и тешките моменти на дрогирање.

„Бев сиромашен човек, надвор од контрола. Земав околу пет или шест линии кокаин на ден пред и после работа. Ме креваше да заборавам на сè освен на шоуто што го снимав. Паднав толку ниско што почнав да земам кокаин само за да издржам, за да го преживеам животот со Стивен, кој изгледаше како невротична клаустрофобија“, напиша таа во еден дел од книгата.

Во 2018 година, таа се пресели кај нејзината мајка, во Англија, за да може да се опорави од турбулентниот развод. Како што пишуваат британските медиуми, Мел Би била во тешка психичка состојба, но и на работ на банкрот. Се шпекулираше и дека поминала одредено време на психијатриско лекување.

Фото: инстаграм

извор: stil.kurir.rs