,

Состав на мало момче го разнежни регионот: Мојот брат Никола е суперхерој

фото:pixabay.com

Легендарниот Душко Радовиќ имаше многу мудри размислувања на тема деца и родители, а една од нив беше „Тешко е да се биде дете, и да се биде добар“, но во овој посебен случај може да се каже дека не е така и тоа поради едно дете и неговиот состав што го разнежни регионот.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од еден состав за суперхерој. Момчето имало задача да пишува за некој на кој му се восхитува и го избрал својот брат Никола. По читањето, никој не остана рамнодушен.

- Мојот брат Никола носи апарат за слушање, кој се лепи како магнет. Тој вели дека тоа се неговите супер уши. Тие се неговата суперсила што му помага да учи на училиште и да чуе се' околу него. Тој ми помага во се'. Тој ми помага со домашните задачи и ме брани ако некој ме допре.  
Тој е мојот супер брат. Ме нервира што децата се смеат ако некој не слуша добро. Мислам дека се љубоморни што тој има суперсили. Имам и јас некои суперсили, но се' уште не сум ги открил - напиша тој.


Коментарите беа позитивни и полни со ентузијазам, и сите ги истакнаа убавите емоции и домашното воспитување на малото момче.

извор:zenskikutak.rs