СОВЕТИ НА ВОЗРАСНИ ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛАТ: Живејте го својот живот-Патувајте!

Добивај вести на Viber

Годините поминуваат додека трепнете. Немојте млади да се жените и мажите. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со сешто. Без разлика колку пари имате. Спакувајте се и одете каде можете да си дозволите.

  • Најважната личност во твојот живот е личноста која се согласила да го дели својот живот со тебе. Затоа и така однесувајте се со неа. 
  • Можеби ќе имаш долг живот, а можеби животот ќе ти биде краток, кој да знае. Но, во секој случај, верувај ми кога ќе ти речам дека ќе сакаш повеќе да си внимавал на себе кога во младоста.
  • Предметите се само предмети. Немој да бидеш опседнат со материјални работи, цени го времето и искуството.
  • Љубомората ги уништува врските. Верувајте и на својата подобра половина.
  • Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа каде ќе го работите тоа што го сакате. Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која некои денови ја сакате, други денови ја поднесувате, а и понатаму ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден”.
  • Доколку некогаш ви е тешко да се справите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сè што е убаво и утешително. Длабоко вдишете, опуштете се.
  • Годините проаѓаат додека да трепнеш. Не се женете и мажете млади. Живејте го животот. Патувајте, Занимавајте се со нешто. Без обзир колку пари имате. Видете го светот.
  • Не го сфаќајте животот премногу сериозно. Дури и доколку работите ви се чинат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете.
  • Вистинските пријатели ќе дотрчаат дури и доколку им се јавите во 2 наутро. Сите останати се само познаници.
  • Децата растат пребрзо. Искористете го максимално времето кое го поминувате со нив.
  • Никој никогаш не умрел жалејќи зошто не работел повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе.
  • Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар или како да имате проблем со срцето, за никогаш да не станете ова.
  • Грижете се за забите.
  • Не земајте ничиј совет како заповед. Може да побарате совет од некого кого го почитувате, но тогаш разгледајте ја вашата ситуација и донесете сопствена одлука.
  • Зглобовите кои ќе ги повредите денес ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и доколку сметате дека целосно сте закрепнале.
  • Имаме само една шанса во животот. Немој да се разбудите, да сфатите дека имате 60 години, а дека не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.
  • Ценете ги малите работи и бидете присутни во сегашниот момент. Младите луѓе во денешно време сакаат сè одеднаш. Наместо тоа, зошто не го цените секој мал момент? Нема да останеме вечно на оваа планета.
  • Плаќајте ги сметките и избегнувајте долгови. Кога би можеле да си ги исплатите себе си сите пари кои сте ги дале за камати во текот на сите години, би биле богати.
  • Доколку сонувате да сте некој или да правите нешто што ви се чини невозможно, сепак обидете се.
  • Кога запознавате некого прв пат, застанете и сфатете дека не знаете ништо за него. Гледате раса, пол, години, облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо за него. Претпоставките базирани на предрасуди кои ви се јавуваат во глава ве ограничуваат и вас и животите на другите луѓе.