Совети од Баба Ванѓа за добро здравје и долговечност: Правила до кои се придржувала
Слепата јасновитка Баба Ванѓа, родена во Македонија во 1911 година, ја предвиде Втората светска војна, потонувањето на руската нуклеарна подморница Курс, како и рушењето на кулите Близначки во Њујорк.
Во текот на својот живот, таа го предвиде и датумот на својата смрт, 11-ти август 1996-та година.
Освен предвидувањето, баба Ванѓа правеше и свои лекови и често предупредуваше дека синтетичките лекови се лоши и опасни.
Дел од нејзините правила за добар и долг живот се:
- Сакајте се, целете кон добри мисли и дела, бидејќи тоа е најдобар лек за сѐ.
- Во лекувањето со билки, најпрво полејте се со водата во која сте ги готвеле билките, бидејќи нивното лековито дејство најбрзо ќе допре до вас, преку порите на кожата.
- Претераното користење лекови е шеттно, бидејќи лековите ја затвораат вратата низ која треба да се пушти природата и да ја воспостави нарушената рамнотежа во болниот човек.
- Во текот на летото, одете боси за да не ја прекинете својата поврзаност со земјата.
- Децата преку лето пуштете ги да си играат секако- нека се валкаат, нека трчаат. На тој начин се заштитуваат од болести кога ќе дојде зима.
- Навечер, пред да легнете, задолжително имиете ги нозете, би било подобро, ако можете да се истуширате. Така од телото ќе го измиете валканото, како и уморот, но истои така и негативните мисли кои ве мачат во сонот.
- Научете правилно да се одморите. Денот е направен за работа, а ноќта за квалитетен одмор. За да бидете здрави и работоспособни, одете на спиење во 22 часот и станете наутро меѓу 5 и 6 часот
- Често пиете чај од шумски плодови. Таквите чаеви го чистат организмот и се вистински извор на здравје.
- Барем еднаш неделно јадете готвено жито и пиете вода за да го исчистите организмот и да добиете сила.
- Повеќе движете се и работата. Мрзеливоста е болест која штети не само психички, но и физички.
- Не се капете со многу топла вода.
- Научете се на трпение, пред сѐ.