СОВЕТИ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ЧЕСТО ПАТУВААТ: Овие грешки следен пат не ги правете
Секогаш можете да учите од туѓите грешки и да не ги повторувате. Ова се најчестите грешки коишто ги прават луѓето за време на патување, а можеби ги правите и вие.
Повеќето луѓе читаат рецензии за хотелите, но забораваат да ги прочитаат и оние за местата што ќе ги посетат. Овие рецензии ќе ви помогнат да откриете неверојатни трикови за тоа како да најдете поевтин или различен влез.
Ако патувате немојте да носите само кеш или само картички, имајте ги и двете опции на ум.
Кога планирате одмор гледајте тоа да биде надвор од сезона, затоа што многу туристи ќе ви пречат да уживате во убавините на одредени места.
Купете ги билетите онлајн, особено за места како Лувр или Статуата на слободата.
За сувенири најдобро е да најдете некоја локација каде се нудат неверојатни работи по многу ниска цена.