СОВЕТИТЕ НА БАБА ЗА МОДЕРНИТЕ МАЈКИ: Што добивте во трката да бидете совршени?

Откако го родила своето прво дете и подлегнала на типично, всушност - модерни мајчински стересови, познатата австралиска блогерка Констас Хол за совет го прашала својот татко, за својата мајка која одгледала 11 деца и речиси никогаш не изгледала дека ќе „Прегори“ во секој час.

Како е можно тоа, го прашала, а тој со мирна душа и одговорил:

„Таа никогаш ни половина толку не се нервирала како што вие се нервирате, модерните мајки!

Совршен совет кој го објаснил вака: - „Таа не морала да оди во банка, не морала секој ден да оди во продавница, таа не знаела ниту сакала да се нервира околу се што вие сега се нервирате. На нејзе, и на многу мајки порано, никогаш не им било толку важно нивното бебе да мора да го достигне секој свој развоен чекор во некое зададено време. Таа едноставно ги одгледувала своите деца, уживајќи во нив и нивно друштво. И во себе, во одмор, онолку колку успевала додека децата биле тука некаде околу неа“.

Нели е тоа навистина совршен совет и еден безгрижен пат кој би можеле модерните мајки дефинитивно да го пронајдат . Во себе, бидејќи во денешното општество сигурно нема да го најдат.

За споредба, многу мајки после овој совет на социјалните мрежи пишуваат како тоа всушност изгледаат денес и поради што толку скренале од патот.

„Многу од нас денес, ајде да ставиме рака на срце, не уживаме толку во нашите деца и ние сите сме само половина како порано посветени на своите деца. И не затоа што не го сакаме тоа туку затоа што сме толку под притисок на се друго да токму поради тоа на своите деца им посакуваме само најдобро, најмногу некако ги игнорираме нив, а и самите себе“, признала една мајка која има четири деца. Сепак овој нејзин став не мора да значи дека не се толку посветени сите мајки.

Не трудете се да бидете совршени , супер мами и супер жени - наместо тоа навистина опуштете се и почнете да го живеете моментот - за тие деца кои со толку љубов сте ги донеле на свет.