Специјална „ Еден на Еден- Седи си дома“ со домашни и регионални ѕвезди

Добивај вести на Viber

Симон Трпчески, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Жељко Самарџиќ од Белград и Јован Јованов од Канада се гости во новата епизода на „Еден на Еден“ наречена „Седи си дома!“.

Жаре ја снимаше емисијата од својата дневна соба, а на своите пријатели и соработници им се јави на видео повик.

Така, Тамара која е во Гевгелија кај родителите на сопругот, откри каква домаќинка станала додека е во домашна изолација, Елена зборуваше за новиот бизинс со козметиката со нејзин потпис, а Влатко Стефановски раскажа дека ќерка му Ана, пред неколку месеци се врати од Италија, каде што докторираше.

На Влатко му се откажани сите претстојни концерти, како и на маестро Симон Трпески, кој е за прв пат во Еден на Еден. Тој специјално за Жаре и за гледачите отсвире и запеа една македонска песна, а и маестро Влатко имаше кусо гитарско соло.

Жељко Самарџиќ исто така запеа и од Белград и раскажа колку е претпазлив оти спаѓа во ризичната група за зараза од коронавирусот. Продуцентот Јован Јованов се јави од Канада и раскажа дека луѓето таму се посмирени.

Седете си дома и гледајте ја „Еден на Еден - Седи си дома!“, во недела од 18.30 на Канал 5. Во меѓувреме, еве ја најавата од Жаре: