Спиела со повеќе од 300 луѓе за една година, а сега сака нешто сосема поинакво: Позната девојка од Австралија си постави нов предизвик

Добивај вести на Viber

Ени Најт од Австралија која ги полнеше насловните страници на бројни списанија тврдејќи дека спиела со повеќе од 300 луѓе за една година, си постави нов предизвик. Таа изјавила дека е сингл веќе три години и е неискусна кога е во прашање додворувањето на момците.

Предизвикот наречен „52 состаноци за 52 недели“ започнал во април. Таа вели дека досега била на 25 состаноци.

- Некои мажи изгледаа подобро на фотографии отколку лично и лажеа за нивната висина. Некои од нив беа многу груби со келнерите па јас веднаш си заминав, изјавила оваа 26-годишна девојка.

Таа додала дека морала да одмори една недела бидејќи овој процес и бил „исцрпувачки“.

- Не знам што не е во ред со мене. Гледам некого на интернет и создавам идеална слика за него во мојата глава. Кога не ги исполнува моите очекувања, се разочарувам. Најверојатно треба да посетам психолог. Всушност, посетувам психолог, но не зборуваме за љубовен живот, се пожали таа.

Сепак, се надева дека ќе успее да најде љубов.

- Многу сум пребирлива, но имаше пет момци со кои бев на втор состанок, рече таа.

Претходно, за време на гостувањето во „The Kyle and Jackie O Show“, таа сподели дека спиела и со мажи и со жени.

- Се чувствував моќна. Сексот ме прави да се чувствувам добро, рекла Ени.

View this post on Instagram

A post shared by annie knight (@anniekknight)


Фото:Инстаграм