Спомен куќата на Тоше Проески кој бескрајно ни фали со рекордна посетеност
Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево досега ја посетиле повеќе од 600.000 луѓе.
Таа постои од 2011 година, и до денес примила над 600 000 посетители, туристи, фанови, вљубеници на Крушево и почитувачи на ликот и делото на Тодор Проески, вели директорката Елена Мирчевска.
„Нескромно ќе кажеме дека се вбројуваме во плеадата на музеи и национални институции во земјава со огромен број на посетители, домашни и странски. Од целокупниот број на посетители околу 30% се странски посетители и тоа најчесто од соседните земји, како, Србија (фанови Бубице). Словенија, Хрватска, Грција, огромен број на посетители од Бугарија и Русија, но имаме и од подалечните земји како Америка, Канада, Холандија, а доста чести се и нашите повратници од Австралија. Бидејќи местоположбата на Крушево овозможува и нуди услови за летање на змаеви како и параглајдери, со оглед дека тука се оддржуваат европски, светски натпревари и подготовки, доаѓаат и луге од сите краеви и земји“ – вели Мирчевска.
Во Спомен куќата изложени се над 350 експонати, предмети од детството, секојдневието, музичката кариера, облеката, инструментите, музичката опрема, наградите, признанијата, восочните фигури на пејачот и уште многу содржини. Мирчевска вели дека тие не ги оставаат рамнодушни посетителите на објектот, кои ја чувствуваат на тој начин енергијата, емоцијата, духот на самиот Тоше како и неговите песни, неговата хуманост, приказните за делата, сторените добробити и што уште не.
Повеќе прочитајте тука.