Животна училница // Приказни
Срам да им е! Објавија за смртта на Калиопи- дно
И порано се пишувале вакви одвратни вести за наши и странски познати личности, но како не им е срам тоа да ѝ го направат на Калиопи!? Некој се поиграл со нејзините чувства, ова е морбидно и дно
Таа веднаш покренала постапка против непознато лице, кое го објавило сето ова, а сега се огласи:
- Секогаш тврдев дека нема добри и лоши луѓе, има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нехуман чин е поведена пријава и постапка што ја водат надлежните органи. Во минатото имаше разни злоупотреби на моето име, но овој морбидитет ги надмина сите досегашни манипулации.
- Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст и директно да ги загрозат нивните животи. Апелирам до Одделот за високотехнолошки криминал и до Министерството за внатрешни работи да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби.
Под оваа страшна вест што ја објави, таа доби коментари за поддршка.