,

Срцепарателни фотографии сведочат за борбата на мало девојче со рак: Ќерка ми се бореше како шампион

На Лула Бет Боуден ѝ беше пронајден тумор на Вилмс на тригодишна возраст, а потоа и беше дијагностициран детски карцином на бубрег. За време на операцијата, отстранет е тумор со големина на фудбалска топка, како и целиот бубрег.

Кога мајката на Лула, Кристен Боуден ја дозна страшната вест, таа беше во шок, но времето не застана за нив. Тие влегоа во битка со болеста. А нејзиното братче дозволи сестричката болна од рак да го избричи, за да не е сама.

"Секогаш слушате тажни, вознемирувачки приказни од други и не очекувате дека тоа ќе ви се случи токму вам", изјави мајката на Лула, Кристен Боуден, за Добро утро Америка. 

Во март 2020 година, лекарите го пронајдоа туморот на Вилмс на бубрегот на малото девојче. Операцијата беше проследена со третман и Лула мина низ 18 циклуси на хемотерапија за 22 недели.


- Мина низ нив беспрекорно, се бореше како шампион - изјави нејзината мајка, која за да го прослави среќниот крај на борбата, ѝ подготви фотосесија на Лула.


- Мојата желба беше да им дадам надеж на другите и да се знае дека има среќен крај и во најтешките битки - објасни таа.


- Бевме пресреќни и тоа нè научи никогаш да не го земаме животот и здравјето здраво за готово. Ова е потсетување никогаш да не губите надеж - напиша покрај фотографијата на која се гледа Лула три месеци по хемотерапија и седум месеци подоцна, кога девојчето ја добило среќната вест дека е во ремисија.


ГАЛЕРИЈА: