„Срцето ми дојде на место, добредојде синко“: Синот на Маја Вукичевиќ се пресели кај неа во Австралија, еве што ќе прави таму
Пејачката Маја Вукичевиќ пред неколку години се исели од Македонија. Сега, по сѐ изгледа, и нејзиниот син од претходниот брак, го направи истото.
Имено, Гораст, во Австралија ќе биде на магистерски студии .
Радосната вест на социјалните мрежи ја сподели Маја, со емотивна порака:
„Срцето ми дојде на место, добредојде синко, ти посакувам нов почеток, прекрасни доживувања во уникатната Австралија и среќни магистерски студии. Те сака мама.“ - напиша Маја.
Веста за заминувањето на Гораст ја потврди и неговиот вујко.
Од блиски пријатели и соработници на пејачката „Женски магазин“ во 2019 дозна дека Вукичевиќ заминала од Македонија. Причината за нејзиното иселување е наводна љубовна врска со нашинец кој долги години живее во Сиднеј, тврдеше тогаш естрадниот магазин „Ексклузив“.
Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание.
Маја има син, Гораст, кој дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а во тој период таа со емотивен статус раскажа лична приказна.
Те родив на 20 години, пораснавме заедно: Маја Вукичевиќ ја отвори душата
Фото: Фејсбук Маја Вукичевиќ