Срцето на бебето престана да чука: Познатиот актер сподели страшна вест и шокантни фотографии со сопругата од болница

Добивај вести на Viber

Актерот Тор Бјорнсон, кој по трет пат требаше да стане родител, ја изгуби својата ќерка. Незјиното срце престана да чука.

Тор познат од хит серијата „Игра на тронови“ од врската со поранешната девојка има ќерка, додека со сегашната сопруга Келси Хенсен има тригодишен син. Тој требаше по трет пат да стане татко, но за жал, парот ја сподели тажната вест за загубата на бебето.

Келси го изгуби бебето во 21 недела, а како што откриле сакале да и го дадат името Грејс Морган. Тие на Инстаграм споделија трогателни фотографии од болницата со зборови на кои и „камен би заплакал“.

-Откако забележавме дека бебето помалку се движи, дознавме дека срцето му застанало. Зборовите не можат да ја опишат нашата болка и оваа загуба, и тоа што нема да имаме среќа да поминуваме време со нашата ќерка“, додаде тој, истакнувајќи дека Грејс е „апсолутно убава“ опишувајќи ги нејзините „русокоси трепки и веѓи и мала насмевка за мама и тато“.

-Љубовта што ја чувствуваме кон неа е огромна. Тагата што ја чувствуваме ќе биде со нас засекогаш, но и љубовта, напиша актерот.

Тој побара разбирање и приватност од сите додека ја пребродат оваа неподнослива загуба.

-Сите наши надежи и соништа за неа се одземени од нас, но знам дека повторно ќе бидам со неа. Нејзиниот дух живее преку нас и нејзините браќа и сестри, напиша актерот.


Фото:instagram