Среде хаосот во Загреб, се рoдија две бебиња
За време на земјотресот во Загреб, неколку бремени
жени чекаа за породување на клиниката за женски болести и акушерство „Петрова“.
Во моментот кога Загреб беше погоден од низа
сериозни потреси, неколку бремени жени пристигнаа на Клиниката „ Петрова“, во
очекување да се породат.
„Во целиот овој хаос утрово, кога бремените жени
излегоа од болницата, истрчаа родилките со бебињата, родени се две бебиња, и
двете се живи и здрави“, известува репортерот на Ал Џезира, Јосип Шариќ од
Загреб.
Според хрватските медиуми, четири жени пристигнале
со болки и чекале породување, додека зградата во која се наоѓала болницата
пукала со интензитет на земјотрес.
Дежурните лекари, акушерки и медицинска сестра
бргу се сместиле и ги однесле сите четири бремени жени во автомобил, каде чекале
додека не направило импровизираното породилно одделение на одделот за
гинекологија, пренесува Јутарњи лист.
Две бремени жени, кои исто така требаше да се
породат денес во Клиниката „Петрова“, тие биле со изложен ризик од бременост, и
се префрлени во други болници.