Среќен роденден мој Едмонд: Инфлуенсерката Шијакоска и саканиот во Балканскиот Ерусалим
Среќен роденден мој Едмонд-напиша познатата инфлуенсерка Александра Шијакоска постирајќи неколку инстаграм приказни од неа и нејзиниот сакан.
Шијакоска сподели и видео како се возат по водите на Охридското езеро, а најавуваше и дека на роденденот на нејзиниот сакан ќе прават мала прослава, а свадба планираат за идното лето.
Веста за мини свадбата денес, ја потврди самата Шијакоска која сподеи и една фотка како нејзините другарки се подготвуваат за нејзиниот денешен посебен ден.
Прво другарките, повозбудени се од мене. Невестата последна. - напиша Александра во една инстаграм приказна.
„Ќе има свадба?“, ја праша следбеник Шијакоска пред неколку дена, на што таа напиша: „Се знае дека ова ќе е главно прашање. Свадбата ја оставаме за наредно лето, ако е се по план. Сега имаме организирано мини прослава и венчавка со најблиските“, напиша Шијакоска.
Инаку таа во мај се сврши со нејзиниот партнер Едмонд, кој ја побара за жена во Солун во Луна парк каде ја изненади со веренички прстен.