Сега мини венчавка, а догодина и свадба: Александра Шијакоска откри кога ќе се мажи за Едмонд

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите модни инфлуенсерки во земјава, битолчанката Александра Шијакоска реши да се подружи со нејзините следбеници на Инстаграм, односно да одговара на нивни прашања за нејзиниот живот.

Така по неодамнешното запросување во Солун, таа доби и очекувано прашање „Кога ќе има свадба?“, на кое откри дека веселбата ќе биде наредното лето, ако е сѐ по план, но дека сега имаат организирано мини прослава и венчавка со најблиските.

Бидејќи Александра и вереникот Едмонд се од различна вероисповед, таа доби и прашање за справувањето со предрасудите, на кое напиша „Некогаш кога ќе сум расположена да зборувам за тоа, ќе зборуваме на долго и широко. Сега можам да ви кажам од искуство дека животот е многу краток... Гости сме на овиј свет, само за жал не сме свесни за тоа дури ен ни тропне смртта на врата. Сите луѓе сме исти, све очи, едно срце. Разликите си ги правиме ние самите.“