„Среќен роденден, те сакаме“: Прв роденден на Бомбакис со ќеркичката Бисера

Кристијан Станковски попознат како момчето со картоните, го прослави 33-от роденден. Ова е прв роденден на Бомбакис во друштво на неговата најомилена личност, ќеркичката Бисера.

Бомбакис објави фотографија со неговото семејство, сопругата Вики и ќерката Бисера, и секако картон на кој беше испишано: „Среќен роденден тато. Те сакаме“.

За неговиот 33 –ти роденден, сопругата му подготвила и видео од неколку заеднички фотографии под кои напиша: „Среќен роденден. Те сакам“. Но и подготвила специјален подарок од неколку лименки пиво и парче торта со свеќичка.

Фото: Инстаграм