Среќно на сите првачиња: А еве како тоа беше за децата на познатите на првиот школски ден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

1 септември можеби за многумина не е битен ден, но за првачињата е.

Тие се највозбудени и со радосни срца го чекаат ѕвонењето на школското ѕвонче и означувањето на првиот училишен час.

Еве како изгледаше тоа за децата на познатите.

Михаил прваче. Среќно и со успеси синко - напиша пејачот Димитар Андоновски на социјалните мрежи алудирајќи на фактот дека неговиот син денес тргнува во школската авантура како првооделенец.


„Прваче колаче.“ - пак напиша на Инстаграм модната дизајнерка Маја Кикириткова споделувајќи дека и нејзиниот син е прваче од овој септември.



За прв пат во училишните клупи од денес седнува и синот на поранешната мисица Евгенија Марковска и професорот Вело Марковски.

Прваче денес е и внукот на Биба Додева.

Среќно прваче денес е и ќеркичката на пејачката Бојана Скендеровски.