Српските кошаркари со песна ја прославија бронзата - „Македонско девојче“ ечеше во центарот на Париз
Освоеното трето место и бронзениот медал на Летните Олимписки Игри српските кошаркари ја прославија како што си е редот.
Со своите најблиски кои беа со нив во Париз, кошаркарите со песни славеа во центарот на Париз. Видеата од нивното славење се вистинска сензација на мрежите, а на едно од нив се слуша и како тие ја пеат нашата песна „македонско девојче“.
Најпознатиот српски кошаркар, Никола Јокиќ, заедно со останатите кошаркари меѓу кои е и Филип Петрушев, кој по потекло е од Македонија, гласно ја пејат нашата песна и уживаат и слават во победата над селекцијата на Германија која на ЛОИ им донесе бронза.
— o'lakovas (@turuptup) August 11, 2024
Инаку, Филип Петрушев е роден во Белград, неговиот дедо Гуте Петрушевски, кога од Македонија се преселил во Србија презимето го променил во Петрушев. А и токму тој, неговиот дедо е заслужен за големиот успех на Филип бидејќи тој редовно го носел на тренинзи и го бодрел.
Фото и Видео: „X“
Извор: Википедија