ССК на конференција „Женско претприемништво за конкурентност“

Добивај вести на Viber

Габриела Кулебанова, член на Управен Одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), беше говорник на сесијата: Организиран пристап кон јакнење на женското претприемништво“ на денешната промотивна конференција за проектот „We make: Женско претприемништво за конкурентност“.

Таа наведе дека улогата на жените за развој на приватниот бизнис и негово зајакнување е многу голема, мерките за поддршка се одлична можност за дополнително стимулирање и развој на бизнисите, но она што е потребно е создавење поволен деловен амбиент од државата каде жените, ќе можат да се реализираат и фокусираат во развојот на бизнисот.

„ Искуствотвото е тоа кое жените може да ги доведе до одредена позиција и постепена реализација на амбициите за водење бизнис. Потребно е да се направи синергија меѓу државата, образовниот систем, за воспоставување пракса и работа на младите од неколку часа, добра организација на градинките и сите чинители кои треба да направат позитивно опкружување за жените да можат да се реализираат и на бизнис план“, рече Кулебанова.

Организаторите на Проектот  финансиран од Европската унија, истакнаа дека станува збор за малку поразличен проект од останатите бидејќи не е фокусиран да им се помогне на жените, туку да и се помогне на Македонија преку жените, да биде поконкурентна, бидејќи тоа досега недостасуваше.

Директорката на ГТФ Иницијативата за одржлив раст посочи дека жените често се

Во тек на проектната реализација ќе биде воспоставен и достапен за пристап и употреба WE MAKE веб портал, што предвидува функционален виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за он лајн тренинзи, како и редовно информирање на сите заинтересирани, постоечки и потенцијални претприемачи, за сите новини и отворени можности.