Стаклени ѕидови, поглед на целиот град, а ентериерот - тоа мора да го видите: Ова е станот на Виктор Живојиновиќ од 700.000 евра

Добивај вести на Viber

Луксуз

Изминатиов месец семејството на Лепа Брена е во центарот на медиумското внимание поради неверојатниот успех кој го постигна сопругата на Филип Живојиновиќ, популарната пејачка Александра Пријовиќ.

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, исто така често беше тема на медиумите бидејќи на секој концерт ѝ беше голем поддржувач на својата снаа.

Иако е многу богат човек, Виктор води нормален младешки живот. Но, како што беше навикнат да ужива во луксуз, тоа продолжи да го прави и по осамостојувањето, па минатата година реши да купи нов стан и да се исели од луксузната семејна вила на Бежанијска Коса.

View this post on Instagram

A post shared by Viktor Zivojinovic (@viktorernest)


Брена и Боба му одбрале стан од 140 квадрати на Виктор во Нов Белград, за кој наводно потрошиле дури 700.000 евра.

Сместен во луксузен дел од градот, станот на Филип е вистинска оаза на мирот, уреден според најновите светски трендови во дизајнот на ентериер.

На ѕидовите, кои не се направени од стакло, има уметнички дела, мебелот е луксузен, модерен и што е најважно удобен, а доказ за тоа е една од фотографиите кои Виктор своевремено ги сподели на социјалните мрежи.

Можеби најголем впечаток остава ѕидот, кој е целосно изработен од стакло, а од кој има прекрасен поглед на Белград.

Извор: glossy.rs