Станија го покажа скапиот веренички прстен: Вистински луксуз, многумина ќе ѝ позавидат (ФОТО)
Станија неколку месеци ужива со богат бизнисмен, кој по потекло е од балканските простори, но живее и работи во странство
Првата старлета на нашите простори Станија Добројевиќ наводно наскоро се мажи и ќе прави луксузна интимна венчавка на Карибите, а сега се пофали и со скапиот веренички прстен кој го добила од непознатиот милионер.
Според информациите, Станија веќе неколку месеци ужива со богатиот бизнисмен, кој по потекло е од Балканот, но живее и работи во странство.
Ја запроси со скап дијамантски прстен, кој таа го покажа на Инстаграм.
Да потсетиме, Станија пред извесно време се врати во Америка поради љубов, а нејзината блиска пријателка откри детали од нејзината сериозна врска со бизнисмен.
- Ми се јави минатиот месец и ми кажа дека се верила! Ми кажа дека таа и нејзиното момче биле на одмор во Лас Вегас и дека тој ја запросил таму. Тој подготвил романтична вечера на балконот од хотелот во кој престојувале и го извадил прстенот. Таа била воодушевена! Сега тие се заедно во Мајами и таму ќе останат до свадбата. Сето тоа ми изгледаше малку пребрзо, па ја прашав дали е бремена, но таа ми рече дека не е – изјави нејзината пријателка.
Извор: www.espreso.co.rs