Моден фокус // Трендови
Став, елеганција и стил: Зорица Заевa уште еднаш се надмина себеси
Кога и да се појави или да објави фотографија во последно време, сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев се надминува себеси.
Во елегантен син фустан со шлиц и соодветно деколте Зорица Заева објави фотографија на социјалните мрежи на кои за брзо време собра стотици лајкови и позитивни коментари.
Не е позната прогодата за која вака е дотерана Заева, но откако намали килограми и е видно ослабена, можеме да коментираме само колку добро изгледа.
Целата комбинација Зорица ја заокружи со елегантен накит, односно огрлица, нежни обети и чанта која се вклопи во целиот изглед со шминка која ги истакна нејзините очи.
ФОТО: Фејсбук Зорица Заева