Стефан Богоев: За меден месец ќе почекаме до Нова година

Добивај вести на Viber

До 4 часот наутро траела свадбата на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на која присуствувале над 500 гости. Откако во јуни се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Ивана Анѓеловска пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Пантелејмон, Богоев викендов направи веселба на која присуствуваа бројни јавни личности.

- Сѐ уште не сме договориле каде ќе одиме на меден месец, но најверојатно ќе биде некаде близу, во околината, околу Нова година. Околу шпекулациите дека бебето е на пат, нема такво нешто, сѐ уште не сме се посветиле на проширување на семејството –изјави тој за порталот „Фокус“.