Стилот на Рози Мицкоска: Елегантни комбинации и секогаш средена фризура

Добивај вести на Viber

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчеравечер во друштво на својата сопруга присуствуваше на вечера по повод Неделата на италијанска кујна во Македонија. Меѓу присутните беше и министерката Радмила Шеќеринска.

Рози за ваквата пригода избра елегантна црна комбинација, со природна шминка и фризура која одговара на целосниот изглед.

Таа често го придружува својот сопруг на важните настани. Од нејзините појавувања може да се забалежи дека станува збор за дама со изграден стил и вкус за мода.

Обожава елегантни фустани и има секогаш средена коса во руса боја, додека пак

нејзиниот сопруг Мицкоски сака класични комбинации со сако и панталони во потемни и проверени бои.