Стјепан проговори за раскинувањето на свршувачката со Јелена Розга: „Озборувањата дека и двајцата сме геј ми „одеа на нерви“

Добивај вести на Viber

Познатиот виолончелист проговори за раскинувањето на веридбата.

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаузер важи за голем заводник на регионалната шоубиз сцена, а во 2015 година неговото срце го освои популарната пејачка Јелена Розга. Стјепан и Јелена беа вљубени од 2015 до 2017 година, а тој период беше и верен со популарна пејачка.

-Врската со неа беше феноменална, траеше две години. Прекрасен период од мојот живот и секогаш ќе имам убави спомени од нашата соработка. Се запознавме во Вест Ин,  се одржуваше Мис Универзум. Отидов таму да ги погледнам манекенките, а потоа ја видов Јелена и ми се допадна повеќе од сите тие девојки. И така започна се“, раскажа Стјепан како ја запознал пејачката, пренесуваат медиумите.

Како што истакнува, најмногу го нервирале озборувањата кои кружеле за нив, луѓето ги обвинувале дека се геј.

-Тоа е глупост. Ужасно ми „одеа на нерви“ тие натписи, бидејќи тоа беше вистинска љубов, живеевме заедно две години, рече тој.

Да потсетиме, причините поради кои ја раскинаа свршувачката сакаа да ги задржат за себе, а се шпекулираше дека прекинот е предизвикан од разделбата поради бројни обврски.

Јелена и Стјепан за прв пат беа видени во јавноста на концертот на 2Cellos во Љубљана во јули 2015 година, а набрзо и јавно ја признаа својата романса. По само половина година врска, Стјепан ја запроси Јелена, а пејачката во интервјуата често изјавуваше дека би сакала да ја исполни својата улога на мајка.

Фото:screenshot