Стопанска банка а.д. Битола стана дел од кредитно-гарантната шема на Развојната банка на РСМ
Стопанска банка а.д. Битола е една од шесте банки со кои Развојната банка на РСМ потпиша договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд.
Со ова, Стопанска банка а.д. Битола стана дел од оваа кредитно – гарантната шема со која се ставаат на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците со цел поддршка на кредитирање на микро, мали и средни компании.
Под портфолио гаранција, Стопанска банка а.д. Битола може да пласира кредити дадени на микро, мали и средни фирми до максимален износ од 30.750.000 денари и рок на враќање до осум години.
Стопанска банка а.д. Битола повеќе од 70 години е и продолжува да биде препознатлив партнер на стопанството и со финансиската поддршка која им ја дава на компаниите да придонесува за негов сигурен развој, а со тоа и за развој на целокупната економија во земјата.
Со учество во оваа кредитно – гарантна шема, Стопанска банка а.д. Битола ја зголемува својата конкурентност истовремено потврдувајќи ја стабилната и сигурна позиција на пазарот.
ПР објава