Стравотна глетка: До темел изгоре погонот за производство на момчето на Јована Јеремиќ

Добивај вести на Viber


Рано утринава избувна пожар во пекарата АС, која е во сопственост на момчето на водителката Јована Јеремиќ, успешниот бизнисмен Драган Станковиќ. Ова е веќе трет пожар по ред што ја зафати оваа пекара. Надлежните органи веднаш реагираа и во моментов се на терен за да ги испитаат причините за пожарот.

Во пожарот изгоре еден дел од фабриката, а проценетата материјална штета надминува сума од еден милион евра.

- О, ова е страшно! Уф, ова е страшно! Колку изгоре? – рече видно вознемирена Јована.

Потсетуваме, во март 2023 година имаше пожар во шумата над поранешната фабрика Клуз, сегашната фабрика на пекарата АС, а потоа компанијата АС Браќа Станковиќ излезе со соопштение во кое се наведува дека пожарот избувнал при истовар на плин од надворешен добавувач кој не ги почитувал процедурите манипулација со гас. За среќа, брзата реакција на дежурната служба и пожарникарите спречија поголеми последици, иако причинета е значителна материјална штета.

Фото:Инстаграм