Стручни совети: Сè што треба да знаете за користењето вибратор

Добивај вести на Viber

фото:dreamstime

Вибраторите можат да бидат одличен додаток во сексуалниот живот на самците, но и на паровите. Без разлика дали ја купувате вашата прва таква играчка или веќе сте ветеран, ние носиме стручни совети за тоа кои се најдобри за вас и како да ги користите.

Во зависност од тоа каков вид на вибратор користите, техниките ќе бидат различни, вели сексуалниот терапевт, др. Меган Флеминг.

Некои вибратори се наменети само за клиторис. Во тој случај, држете го на клиторисот и правете движења што ви одговараат, бидејќи на сите им одговара нешто различно. Во случај да имате вибратор како зајак или оној што ја стимулира Г-точката,  вметнете го во вагината и, правете ги движењата што ви се најпогодни.

Ако ова ви е прва средба со вибратор, Флеминг ве советува да легнете на грб со раширени нозе и да започнете да се стимулирате со раката, да разберете кои движења и каде најмногу ви одговараат. Може да ви помогне и ако се гледате во огледало за да можете точно да одредите кои места ви овозможуваат најголемо уживање.

Откако ќе се „разберете“, тогаш вклучете вибратор во играта, а потоа може да примените пози во зависност од вашите желби.

Ако го купувате вашиот прв вибратор, Флеминг ве советува да започнете со поевтини, за да видите дали вреди дури и да инвестирате во нешто поскапо.

- Некои можат да бидат многу скапи и додека не сте сигурни која најмногу ви одговара, подобро е да се одлучите за некои поевтини опции - објасни таа.

Видови вибратори и како се користат:

Вullet вибратори 
Овој тип е идеален за почетници. Тие се мали, дискретни и не застрашувачки, што ги прави одлични за експериментирање. Тие првенствено се користат за стимулирање на клиторисот, но сексуалниот терапевт Марла Рене Стјуарт, додава дека може да користите и ваков вибратор околу другите делови од телото за да се навикнете на сензацијата.

Стјуарт забележува дека понекогаш големината на вашиот клиторис е индикација за тоа каков вид на вибратор би сакале.

- Ако имате помал клиторис, може да уживате повеќе во овие вибратори, а ако имате поголем, можете да ги испробате оние што вшмукуваат или вибрираат со пулсирања. Се разбира, дефинитивно можете да ги испробате и двате. 

Како да се користи: Кога веќе сте доволно возбудени, ставете малку лубрикант на клиторисот и на вибраторот. Играјте со различни поставки, по можност движете се полека и притиснете го клиторисот. Потоа експериментирајте со различни движења и испробајте го на друго место на телото за да откриете можеби некои скриени центри на задоволство.

Вибратори за стимулација на Г-точка
Вибраторите се наменети за оние кои сакаат да ја истражат сензацијата на стимулација на Г-точката. Направени се под агол, за да можат да стигнат до Г-точката, која се наоѓа на внатрешниот горен ѕид на вагината. Тие можат да бидат изработени од разни материјали, а некои исто така можете да ги полните, додека други работат само на батерии.

Како да се користи: Г-точката го зголемува возбудувањето, па поработете на тоа. Може да помогне и ако најпрво го пронајдете точното место со прстите за да не лутате со вибраторот. Додадете малку лубрикант и започнете да се забавувате. Завртете го вибраторот така што делот под агол ќе ја притисне точно точката Г.

Зајак вибратори 
Овој тип нуди истовремена стимулација на клиторисот и Г-точката и е одличен за она што се нарекува „двоен оргазам“.
„Ако уживате во пенетрацијата истовремено со стимулацијата на клиторисот, има смисла да набавите играчка што може да го направи тоа“, вели Стјуарт.

Како да се користи: Одлични се затоа што даваат можност само да навлезат или само да го стимулираат клиторисот, а можат да го работат тоа истовремено. Вметнете го и прилагодете го така што делот за стимулација на клиторисот е на вистинското место.

Стапче вибратори 
Она што некогаш беше наменето за масажи, наскоро стана секси играчка кога жените ширум светот ја сфатија моќта на стапче вибраторите.
Ова е одлична опција за истражување на целото тело, како и на ерогените зони, кај двајцата партнери.

Како да се користи: Тие се одлична опција за стимулација на клиторисот и "надворешна" употреба, иако некои модели исто така доаѓаат со додатоци што можете да ги вметнете во вагината. Но, повеќето се користат на клиторисот и веројатно ќе сакате да го поместувате, така што сензацијата нема да е премногу интензивна.

Вибратори за парови
Денес има многу опции на пазарот за парови, од вибратори што можете да ги контролирате преку Bluetooth до разни вибрирачки прстени на пенисот. Флеминг вели дека прстените се одлична опција за оние мажи кои имаат проблеми со одржување на ерекцијата затоа што го ограничуваат протокот на крв. Сите тие се со упатства за употреба, затоа не заборавајте да ги прочитате пред употреба.

Совети и трикови

1. Прочитајте ги упатствата за употреба и чистење пред да ја користите новата играчка.

2. Запомнете да ги полните батериите. Нема ништо полошо од кога вибраторот престанува да работи непосредно пред кулминацијата, па проверете дали тоа нема да се случи.

3. Подгответе ја атмосферата. Создавањето атмосфера е исто толку важно пред мастурбацијата, колку што е важно и пред сексот.

4. Возбудете се. На жените им треба малку подолго за да се возбудат, затоа одвојте време да се расположите правилно и само тогаш вклучете играчка во играта. Искуството ќе биде многу попријатно.

5. Не брзајте, особено ако користите нов вибратор, дајте си време.

6. Испитајте го вашето тело.Секоја нова играчка ви дава можност дополнително да ги истражувате сензациите што ви одговараат. „Истражете го“ телото со вибратор, дури можете да откриете некоја од вашите нови ерогени зони.

7. Експериментирајте со поставките. Многу вибратори имаат неколку брзини, а истражувањето што најдобро одговара за вас може да биде многу забавно.

- Ако сте почетник, мислам дека е многу важно да се започне со најслаба брзина, бидејќи некои од денешните вибратори се навистина моќни. Ако дури и најслабата брзина е премногу силна за вас, пробајте со бариера, како што се долна облека или крпи, за да го омекнете чувството - советува Флеминг.

8. Користете лубрикант. Во секој случај, задоволството ќе биде поголемо доколку има доволно влага, а правило е да користите лубриканти на водена основа со силиконски играчки, бидејќи тие можат да го расипат материјалот на силиконски вибратори.
За да спречите непријатно затегнување на кожата, ставете лубрикант и на играчката и на вагината.

9. Играј си. Експериментирањето е најзабавниот дел од користењето вибратори и затоа не престанувајте да си играте со нив. Вклучете го вибраторот за да имате секс со вашиот партнер, иако се одлични за соло игри, вибраторите исто така можат да го подигнат сексот за парови на сосема ново ниво. Покрај додавањето на елемент на забава во сексот, тоа исто така ќе ви помогне да доживеете сензации што порано не сте можеле.
Исто така, жените со вибратор можат појасно да им покажат на своите партнери што точно им одговара.

Чистење и складирање

Не заборавајте да ја исчистите вашата играчка и да ја чувате на место каде што нема да се извалка, по секоја употреба. Не е лошо да се мијат секс играчки пред употреба, само за да бидете сигурни дека се совршено чисти. Некои производители нудат и средства за чистење на сексуални играчки за да можете да ги користите.
Во секој случај, секогаш прочитајте ги упатствата за чистење што доаѓаат со секој вибратор, пишува mbg.

извор:24sata.hr

фотоgrafii:dreamstime