Студија: Нашата интелигенција доаѓа од нашите мајки

Добивај вести на Viber

Едно од неодамнешните истражувања покажуваат дека татковата способност и интелигенција имаат многу мала улога. Според резултатите од ова истражување, интелигенцијата доаѓа од нашите мајки.

Генот кој се пренесува од генерација на генерација доаѓа од мајчиниот Х хромозом. Според ова истражување, со оглед на тоа дека татковците можат да дадат или Х или Y хромозом на јајцевите клетки од кои се формира фетусот, нивните шанси на детето да му пренесат интелигенција се намалени.

Истражувачите од Глазгов направиле истражување во кое биле вклучени 12 686 луѓе на возраст од 14-22 години и дошле до заклучок дека коефициентот на интелигенција на мајките е најконзистентен показател на интелигенцијата на децата.

Она што го покажало ова истражување е дека татковите гени се поврзани со функциите кои вклучуваат секс, храна и агресивност, додека пак тие немаат никакво влијание на јазикот, резонирањето и планирањето.

Иако генетиката е претставена како тоа што примарно ги одредува нашите карактеристики, спеак не постои сомнеж дека и начинот на воспитување на детето игра огромна улога на развојот на интелигенцијата. Едно истражување спроведено од универзитетот Вашингтон пак покажува дека децата кои имале емоционална поддршка од своите мајки, покажувале подобри резултати и повисок коефициент на интелигенција од оние кои биле одалечени од мајките.