Судбината не сакала денес да го славиме неговиот 50-ти роденден: Турунџиева скршена за прерано починатиот сопруг
Ако беше жив, 50 години ќе наполнеше денеска Марјан, сопругот на познатата водителката и писателка Сузана Турунџиева.
По тој повод, Сузана емотивно на социјалните мрежи упати посвета за прерано починатиот сопруг.
„Велат дека вистинскиот шарм кај мажите доаѓа со навршени 50 години... Судбината не сакала денес да го славиме неговиот 50-ти роденден ама затоа ќе се присетиме на неговата прекрасна насмевка, ведар дух и очи полни со љубов“- напиша денес емотивна посвета Сузана Турунџиева за прерано починатиот сопруг.
Откако почина нејзиниот сопруг Марјан, Сузана утехата ја најде во пишувањето. Книгата која му ја посвети нему почнала да ја пишува само еден ден по неговата смрт.
За Женски магазин таа искрено зборуваше за моментите кога ненадејно почина нејзиниот сопруг, за кој вели:
„Марјан беше човек кој ме сакаше повеќе од сопствениот живот... Ако некој маж некогаш сакал жена, тогаш тоа е Марјан!“
ФОТО: Фејсбук