Супер подарок со Е-сметка: А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка
А1 Македонија ја најавува најновата активност за сите
свои пост пејд корисници кои со активирање на услугата Е-сметка добиваат можност да освојат пакет со смартфон Motorola G8 и телевизор Philips TV 32PHT4203/12.
Со Е-сметка, корисниците месечните фактури ќе ги добиваат електронски, на е-мејл адреса во своето електонско поштенско сандаче, брзо, безбедно и секогаш навреме, наместо во хартиена форма.
Со активирање на Е-сметка, корисниците автоматски стануваат учесници во трите извлекувања организирани од А1 Македонија во кои ќе бидат доделени 33 пакети со смартфон и телевизор:
- Прво извлекување на 04.02.2021 година, доделуваме 11 пакети
- Второ извлекување на 04.03.2021 година, доделуваме 11 пакети
- Трето извлекување на 06.04.2021 година, доделуваме 11 пакети
Право за учество во извлекувањето имаат сите резидентни корисници (физички лица) на А1 Македонија со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците (активирана преку формата за Активација на е-сметка, мобилната апликација “Мојот А1”, со испраќање на СМС порака, или со повик во А1 Контакт центарот), како и сите бизнис корисници (правни лица) на А1 Македонија со дадена согласност за електронска сметка.
Двојно поголема можност за подарокимаат сите корисници со активирана Е-сметка кои ќе направат навремено плаќање на сметките во наведениот рок.
За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.
Активирај Е-сметка
Е-сметка може да биде активирана на еден од следните начини:
· преку веб-формата
· преку мобилната апликација Мојот А1, во делот Сметки
· со праќање SMS поракаво која корисникот ќе ја наведесвојата е-мејл адреса на бесплатниот број 140 410
· преку веб-страницата www.A1.mk, во секцијата Мојот А1
· со давање согласност за електронска сметка (само за Бизнис корисници) на следниот начин.
За сите детали поврзани со активирање на Е-сметка информирајте се на www.A1.mk
ПР објава