Сурогат мајка требало да ѝ роди бебе, а таа во исто време забременила: Таткото шокиран, а ова е нивната одлука

Добивај вести на Viber

Иако долго време се бореа, судбината им приреди изненадување

Џена Херера од Америка не знаела што да прави откако забременила во исто време со нејзината сурогат мајка.

За почеток, поради новонастанатата ситуација, таа во своето видео на TikTok сподели што точно се случило. Оваа идна мајка, која чека две бебиња, откри дека поради сопствената бременост не знае дали ќе може да присуствува на раѓањето на својата сурогат мајка.

„Ова бебе во мојот стомак доаѓа на свет во јуни, а мојата сурогат мајка треба да се породи само три недели по мене, а таа е во Колумбија. Значи, прашањето е дали ќе можеме да сториме се, да преземеме грижа за ова бебе во мојот стомак, за да извадам извод од матична книга на родените за друго бебе, да купам билети и да одам во Колумбија? Има шанси се да оди според планот, но и ништо да не завршиме" рече таа во видеото, додека го милува трудничкиот стомак.

Загрижена, таа се запраша и за следново:

„Ако не се снајдеме со се, дали ми е дозволено да го оставам бебето што ќе го родам во САД, додека летам за Колумбија, или можеби ќе го испратам сопругот?“, рекла таа видно збунета за ситуацијата во која таа се нашла.

Меѓутоа, луѓето повеќе ги интересираше една логична работа - зошто таа има сурогат мајка ако е веќе бремена?

„Ако можеше да забремениш, зошто бараше опција за сурогат?“, „Збунет сум. Бремена си и имаш сурогат мајка? Сè уште си прва што ќе родиш, па тоа значи дека прва си забременила, што е поентата тука?“, се некои од коментарите под нејзиното видео.

Бидејќи имало премногу вакви коментари, Џена решила во посебно видео да открие зошто завршила со две бремености во исто време.


„Интернетот целосно полуде кога дознаа дека мојот сопруг има две трудници во исто време“, напиша таа во своето видео, а потоа објасни зошто е тоа така.

Имено, Џена и нејзиниот сопруг, кои веќе имаат едно заедничко дете, со години се бореле да добијат уште едно, но по неколку неуспешни обиди се одлучиле за сурогат мајка.

Сепак, за нивна среќа, Џена останала бремена без да знае – тоа го открила во јануари годинава. Меѓутоа, нејзината сурогат мајка веќе била подготвена за трансфер на ембрионот во февруари. Поради ова, парот одлучил дека нема да се откажат ниту од сурогат мајчинството.

За среќа, двете бремености продолжија, па Џена и нејзиниот сопруг оваа година, покрај едно дете, ќе имаат уште две бебиња.

Видеата објавени на нејзиниот профил на TikTok @themoneymom станаа вирални со повеќе од осум милиони прегледи и повеќе од 700 илјади лајкови вкупно. Иако луѓето се прашуваа зошто парот ги одбра двата патишта, многумина им честитаа.

„Феноменално и честитки“, „Толку возбудливо, двоен благослов!“, напишаа воодушевено.