Сурова вистина: Млада мајка преку две фотографии искрено ја објасни постпородилната реалност

Една мајка објави две фотографии и искрено ја објасни постпородилната реалност

Мама Сара Тарнер, која стои зад блогот „The Unmumsy Mum“, сподели фотографија од себе откако се породила и комплетно и искрено ја објасни постпородилната реалност. Покрај фотографијата од нејзиното штотуку породено тело, облечена во пелени за возрасни, таа објави и фотографија на која се гушка со својот новороден син.

„Гледајќи ги фотографиите од раѓањето на Вилфс, заклучив дека овие две се мои омилени, од најразлични причини. Првично помислив дека не можам да ги објавам, но подоцна сфатив дека всушност покажувам помалку тело отколку објавување на фотографија во бикини. Плус фотографиите совршено го прикажува постпородилниот период “, напиша мама Сара на својот блог.



Таа додаде дека на таа фотографија всушност била еуфорична, и покрај тоа што шетала како Џон Вејн и носела пелени за возрасни. Нејзината фотографија наскоро стана вирална и собра над илјада коментари, а други мајки и честитаа за нејзината апсолутна искреност и уште еднаш заклучија дека не треба да се срамиме од нашите тела.


Безбедно ли е: Дали да ги носиме децата на базен во време на пандемија на коронавирус?