Сузана Турунџиева емотивна: „На овој ден пред 22 години, животот ми го одзеде единственото братче, после него ништо не е исто“
Иако се
поминати повеќе од 2 децении, пејачката Сузана Турунџиева, секој 12 ноември се
потсетува на загубата на својот брат. Така е и денес.
- 12 ноември 2001...Денот, после кој ништо не е исто...На тој ден животот ми го зеде единственото братче Панде - најдоброто и највредното во нашето племе, ама пак ми подари неколку скапоцени женски и машки братчиња кои не ме оставија никогаш сама, дури и тогаш кога јас кренав раце од себе..., напиша Сузе.
Инаку, причината за смртта на Панде се уште е непозната, за сега постојат само претпоставки и недоволни докази како всушност тој го загубил животот. Како што пренесуваа медиумите во тоа време, наводно станувало збор за убиство, а една година подоцна посмртните останки на Панде од Канада каде живеел, биле донесени во Битола. Братот на Турунџиева го загубил животот на само 36 години.
Како што пренесуваа медиумите, тој работел како инженер во Канада, но под неразјаснети околности мистериозно исчезнал, наводно, бил киднапиран а потоа застрелан. Сепак, ниту семејството ниту полицијата никогаш не ја дознаа вистината, а Сузана, како што изјави во една прилика, никогаш не успеала да го најде времето кое лечи се. Затоа секоја година по овој настан, таа не дозволува споменот на Панде да згасне, потсетувајки се на времето поминато заедно исполнето со многу љубов.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fsuzana.turundzieva%2Fposts%2Fpfbid0YVTvQ56BdYMBEp59iJDaLxaihh78NC2WgnmuY14athLCRPmepJcWz9VUVLnRfbH1l&show_text=true&width=500" width="500" height="705" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>Фото:Facebook