Свадбена фотографија стана хит на социјалните мрежи: Сообраќајот запира од милион причини, но оваа е најубавата
Свадбените фотографии се едни од најубавите спомени, а вие и вашите најблиски ќе ги гледате одново и одново, со текот на годините, безброј пати. Модерните младенци се повеќе се одлучуваат да одат на одредени места за фотографирање или на места кои будат спомени и емоции.
Фотографијата од венчавката на непознат пар од Нови Сад се појави на социјалната мрежа Инстаграм, а набрзо стана вистински хит. Поради неа на споменатата социјална мрежа започна вистинска дебата. Имено, на фотографијата ги гледаме младенците како се шетаат среде улица, поради што на кратко го прекинаа сообраќајот.
Во коментарите под сликата изби вистинска „мала војна“. Додека некои негодуваа поради блокирањето на сообраќајот, други беа воодушевени од глетката.
„Оваа слика е најубавото нешто што сум го видел некое време. Толку е убава, спонтана, среќна... Сообраќајот запира од милион причини, ова е барем најубавото", „Напишете што сакате, но едно нешто е сигурно, оваа слика е премногу добра, а за неколку години ќе биде легендарна“, „Каква убава фотографија, љубов“, се само дел од коментарите.
Од друга страна, имаше и такви кои не беа толку воодушевени од сцената.
„Зошто ова?“, „Ем, штом го блокираа сообраќајот и си го ризикуваат животот, „Како до сега некој да не се оженил, ама сакаат да бидат интересни“, „Го блокираат сообраќајот“, „Ќе им дадам три месеци“, беа дел од негативните коментари.
Што мислите за оваа фотографија, како ви се допаѓа?
Фото:unsplash.comИзвор: zena.blic.rs