Свадбената треска продолжува: Како ќе изгледа венчалниот прстен на Меган Маркл?
Секој ден дознаваме нови детали за долгоочекуваната свадба на актерката Меган Маркл и принцот Хари која светот со воодушевување ќе ја следи.
Пишувавме за свадбената торта - Меган и Хари избраа прилично неконвенционална торта за нивната венчавка.Дознавме и дека нема да има предбрачен договор за парот, и покрај сите предупредувања на кралското семејство.
Денес ќе ви ги откриеме сите детали за венчалниот прстен што Меган ќе го носи откако ќе му се заколне на вечна љубов на принцот Хари.
Кога принцот Хари ќе склучи брак со Меган Маркл во мај, тој ќе остане верен на традицијата на британското кралско семејство да и стави велшки златен прстен на идната војвотка.
Неговата прабаба, кралицата Елизабета, а подоцна и Кралицата Мајка, е прва чиј прстен е изработен од велшко злато кога се омажила за идниот крал Џорџ Шести во 1923 година.
Нејзиниот пример го следеше актуелната кралица Елизабета Втора кога се омажила со принцот Филип во 1947 година. Потоа, традицијата ја следат сите во кралското семејство, вклучувајќи го и принцот Вилијам.
Прстенот на Меган Маркл најверојатно ќе биде направен од куќата за накит Вортингтон во нивната работилница во Лондон.
Директорот Бен Робертс, изјавил дека прстенот најверојатно ќе биде светло жолто злато за да му одговара на вереничкиот прстен, наместо карактеристично розово злато кое е претпочитано од таа компанија.