СВАДБЕНИТЕ ПРОСЛАВИ ОТКАЖАНИ: Што е со склучувањето бракови додека трае вонредната состојба?

Додека трае вонредната состојба поради коронавирусот, двојките нема да можат да склучуваат брак надвор од просториите на матичното. 

Но, склучувањето на граѓански брак може да се направи во матично.

„Додека трае вонредната состојба не склучуваме бракови на терен, меѓутоа истиот може да биде склучен во сала. Граѓаните може да се обратат во некое од нашите матични подрачја и да се договорат со матичарот за датум за склучување на бракот“, додаваат од Управата за водење на матични книги.

Рестораните и кафулињата не работат. Свадбените церемонии се откажуваат, од причина што не е дозволено да се собираат повеќе луѓе поради опасноста од ширење на смртоносниот вирус.  Угостителите од Дебар се загрижени затоа  што овој град има голем број заразени.

„Кај нас засега откажана е една свадба на која требаше да присуствуваат 90 до 100 гости, луѓето не смеат да се собираат. Најголем дел од свадбите се случуваат во јули и август, тогаш е ударно, но ако вака продолжи ќе трпиме штети. Не знаеме кога ова ќе заврши, се надеваме дека ќе биде добро“, вели Урим Леши, од ресторанот Дрилон во Дебар.


Целиот текст прочитајте го на Фактор