Свекрва ми беше против мене бидејќи сум пејачка: Селма Бајрами откри зошто се развела двапати
Неговата мајка се обиде да ме малтретира, но Зоран секогаш беше на моја страна
Приватниот живот на Селма Бајрами отсекогаш го привлекувал вниманието на јавноста, а добро е познато дека има проблеми со поранешниот сопруг.
Селма зад себе има два брака. Првиот со Зоран Вучковиќ со кој нема деца. Како што истакнала, тие многу се сакале, но главната пречка за идеална врска била нивната свекрва.
- Неговата мајка не ме сакаше, бидејќи јас сум муслиманка, а мене тоа никогаш не ми беше важно, а не му беше важно ни него. Се сакавме, во љубов се разведовме. Неговата мајка се обидуваше да ме малтретира, но Зоран секогаш беше на моја страна, на наша страна, во основа таа никогаш не можеше да влијае на него. Не и одговарав на свекрва ми затоа што пред сѐ сум пејачка. Со мене може да биде само човек од шоубизнисот.
Неколку години по првиот развод, пејачката го кажа судбоносното „да“ на Муја Мусиќ со кој доби син, но набрзо почнаа проблеми и со него.
- Човекот ме лажеше за неговата биографија, а никогаш не ме интересираа материјалните работи. Го сакав, веќе бев бремена, нон-стоп бев дома, се здебелив ненормално, немав другарки, а потоа почнаа проблемите. Малтретирање, понижување, ми рече дека сум грда, ме тераше да одам во Австралија да работам и да заработам, за да имаме за живот. Случајно ме удри еднаш со лакт, така излезе, а знам дека намерно го направи тоа. Ме удри во аркадата. Секој маж кој крева рака на жена не е маж. Сакаше да ме толчи поради својата несигурност - изјави еднаш Селма на ТВ Хајп.
ФОТО:
Printscreen/Instagram